Викенд прогноза за Куманово: Пеколните температури продолжуваат

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија е биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Loading...

Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 40 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

 

Во Куманово денеска ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 38 степени целзиусови.

Loading...

Од страна на УХМР за регионот на Куманово е прогласена портокалово предупредување за опасност од високи температури.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово во борба со дивите депонии, ќе се чисти и речното корито

 

 

И утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 18 степени, додека максималната дневна ќе се искачи до 36 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Недела повторно носи сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се движи околу 18 степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до 36 степени целзиусови.

 

 

Од средината на следната недела се очекува пад на температурите.

Loading...

Никола Ивановски