Викенд прогноза за Куманово: Какво време ќе имаме за Велигден?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а мскаималната дневна се очекува да достигне 23 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Велигденски хуманитарен концерт во Куманово

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме исто така претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу шест степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 21 степен целзиусов.

Loading...

 

 

Во недела, на Велигден, ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, а температурата ќе биде во интервал од минимални 7 до максимални 24 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Понеделник, вториот ден Велигден, носи претежно сончево и топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  26-годишник од Куманово пукал во населено место. Полицијата го приведе!

Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до 25 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Во остатокот од претстојната работна недела ќе следува период на променливо време со услови за врнежи од дожд.

Никола Ивановски