(ВИДЕО) Украинците во Бахмут првпат употребија американска „паметна бомба“

Сподели со своите пријатели

Белоруската Некта на Твитер објави видео од Бахмут. На неа, како што велат, може да се види првата употреба на американската таканаречена „паметна бомба“. Видеото, додаваат, веројатно датира од јануари.

Loading...

На самиот крај на минатата година, САД одлучија да ѝ снабдат на Украина комплети JDAM (Joint Direct Attack Munition) кои ги претвораат „немите“ гравитациони бомби во прецизни ракети водени од ГПС систем. JDAM е наменет за бомби во опсег од 227 до 907 килограми.

Во зависност од висината и брзината на авионот од кој лета, JDAM има домет до 28 километри, пренесува Индекс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина ги отфрли обвинувањата дека економски ја поддржува руската инвазија на Украина

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.