Вицепремиерот Владимир Пешевски и владина делегација утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вицепремиерот Владимир Пешевски со тим од Владата на Република Македонија утре ќе биде во работна посета на Општина Куманово.

Во агендата на Пешевски најпривн е предвидена посета на „Алфи Техноцентар“, каде што има вработени од проектот на Владата „Македонија вработува“, а потоа точно напладне ќе следува прошетка низ центарот на градот и средби со граѓани на две локации.

Веќе во 14:30 Пешевски ќе биде на средба со граѓаните на населба Карпош, а еден час подоцна, односно во 15:30 ќе се сретне со мештаните на населбата Иго Тричковиќ.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.