Ви опаѓа косата? Ова се едни од најчестите причини!

Сподели со своите пријатели

Губењето на косата ги погодува и жените и мажите и може да биде загрижувачко ако почнете да забележувате дека косата ви опаѓа во значителни количини.

Loading...

Се смета за нормално губењето и до 100 влакна на ден, што е знак дека треба да се справиме со овој, во последно време, се почест проблем.

Секое губење на косата во поголема мера се нарекува алопеција. Некои видови ќелавост може да се појават и поради алопеција ареата, автоимуно нарушување.

Познато е дека косата најчесто се разредува со возраста.Сепак, наглото опаѓање на косата што се јавува во последно време обично ги погодува младите жени, а тоа се случува како последица на екстремен стрес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како најлесно да се мотивирате себеси да почнете да тренирате?

Мажите често губат коса бидејќи имаат такви генетски предиспозиции.

Други причини вклучуваат земање одредени лекови, премногу витамин А или недоволно протеини.

Опаѓањето на косата може да биде последица и на хормонална нерамнотежа, недостаток на железо, дисфункција на тироидната жлезда, нагло слабеење, но и недостаток на витамин Б12.

Како да се спречи губење на косата?

Loading...

Најпрво проценете ја вашата рутина и заменете го шампонот  без сулфат. Редовниот шампон може да ја исуши вашата коса и да го зголеми ризикот од губење на косата. Шампоните без сулфати се понежни за косата.

 

 

Во секој случај, најдобро е да се консултирате со лекар за третманот пред да направите нешто сами. Исто така, може да ви помогне да ја откриете причината за опаѓање на косата, што е најважно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ако имате проблеми со спиење, избегнувајте ги овие грешки

Што да направите ако вашата коса е тенка?

Ако вашата коса е тенка, задолжително зголемете го внесот на протеини и зеленчук. Најдобри извори на протеини се риба, пилешко, свинско месо, млеко, јајца, јогурт, јаткасти плодови и соја.

Колку и да звучи едноставно, никогаш не прескокнувајте да нанесувате регенератор после миење со шампон, бидејќи така, меѓу другото, помалку ќе ви ја кине косата бидејќи ќе ја олесни чешлањето.

Loading...