Ветераните на СДСМ од Куманово застанаа зад Максим Димитриевски

Сподели со своите пријатели

Ветераните од СДСМ Куманово, застанаа зад кандидатурата на независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски и носителката на листата за советници Ивана Ѓорѓиевска, информираат од иницијативата „За наше Куманово“.

Loading...

Првиот штаб на иницијативата „За наше Куманово“ којшто вечерва се отвори е „Штабот на ветераните“ во Центар. Тие му порачаа на идниот градоначалник да продолжи со макотрпната работа и менаџирањето на градот, да го унапреди и развие во почист и похуман град за сите граѓани – информираат од Иницијативата.

На локални избор независната иницијатива „За наше Куманово ја предводи актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, заедно со 33 предлог кандидати за советници.