Верниците денес го чествуваат денот на отсекување на главата на Св. Јован Крстител

Сподели со своите пријатели

Свети Јован Крстител е пророк кој се родил шест месеци пред Христос, наречен Претеча поради неговата објава на веста за доаѓањето на Месијата.

Loading...

Празникот посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември (н.с.) во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост.

Последниот старозаветен пророк Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан. Тој е наречен и Претеча што значи претходник, зашто со своето учење навистина му претходел на Исус, одел пред него, го повикувал народот на покајание и го најавувал доаѓањето на Спасителот.

За Јован, самиот Спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена,  и дека до него се „законот и пророците“, а од него па натаму Царството Божјо се проповеда со Евангелието.

Како нестрашлив проповедник на богоморалниот живот, свети Јован не се воздржувал од упатување прекори на царот Ирод Антипа поради неговиот незаконски брак со Иродијада, жената на својот полубрат Филип, која во бракот ја донела и нејзината ќерка од претходниот брак (Светото Предание сведочи дека нејзиното име е Салома, Саломе).

Поради тоа, Ирод го фрлил во темница во тврдината Махир, во пустината, и сакал да го убие. Од тоа го одвраќала помислата на народот, за кој свети Јован „важеше за пророк“. На иродовиот роденден, за време на гозбата, Салима со своето танцување го воодушевила Ирод, кој пред сите ветил дека ќе ѝ подари сѐ што ќе посака, „па дури и половина царство“ . Откако мајка ѝ ја советувала, Салома ја побарала главата на светиот Јован Предтеча, и царот ѝ ја исполнил желбата: џелат му ја отсекол главата на славниот Христов пророк, и ѝ ја дал на девојката, а таа на својата мајка.

Дознавајќи за тоа, учениците јованови го погребале остатокот на неговото тело.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.