Верификувани мандатите на новите советници во Куманово, Димитриевски им посака успех (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Комисијата за верификациони прашања при Советот на Општина Куманово денеска на конститутивната седница ги верификуваше мандатите на новите советници.

Loading...

 

 

Градоначалникот Максим Диитриевски им честитеше и им порача да носат одлуки во името на граѓаните.

– Верувам дека овој состав ќе покаќе висок капацитет во делот на она што значи одлучување во јавниот интерес и интересот на граѓаните на нашата општина без разлика на нашат политичка, идеолошка, верска или етничка различност, сепак сите ние во прв план припаѓаме на овој град, се имаме родено тука, делуваме и живееме во нашиот град и наш заеднички интерес е Куманово. Посакувам успех на сите полиња и да се заблагодарам на претходниот состав на Советот со кој имавме успешна и плодна соработка, реализиравме многу заеднички проекти и верувам дека тој пример ќе користи да продолиме таму кај застанавме, изјави Димитриевски.

 

Loading...

 

Во моментов советниците се на пауза по што ќе следува изборот на претседател на Советот.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

текст: Никола Ивановски / фото: Стефан Младеновски

Loading...