Велосипедист од кумановско загина по сообраќајка

Сподели со своите пријатели

Осумдесет и едногодишен влосипедист од село Лопате, Куманово загина откако вчера во него удрило товарно возило.

Loading...

– На 05.08.2022 околу 11.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, товарно возило „фусо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ќ.(48) од Скопје, удрило во велосипед управуван од И.М.(81) од село Лопате, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој по укажаната помош во болницата во Куманово, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во  17.45 часот починал. 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. 

Ова е втор смртен случај на кумановските сообраќајници за една недела. Пред пет дена на скопските клиники почина осумдесетгодишна жена пешак, откако во неа удрил автомобил.

Никола Ивановски