Ауди удрило во двајца пешаци во Куманово, едниот починал

Сподели со своите пријатели

Осумдесетгодишна жена од Куманово загина, а пет години постар кумановец е тешко повреден откако во нив удрило ауди.

Loading...

– На 30.07.2022 околу 18.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Октомвриска револуција“, ул.„Иво Лола Рибар“ и ул.„Ѓорче Петров“, патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(22) од Куманово, удрило во пешаците Р.Д.(80) и Н.Н.(85), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По несреќата, на Р.Д. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје, каде на 01.08.2022 починала.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец го нападнал својот син, полицијата го привела

Никола Ивановски