Велигденски хуманитарен концерт во Куманово

Сподели со своите пријатели

Голем Велигденски хуманитарен концерт ќе се одржи во вторник во големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Loading...

Организатори на настанот се АКУ Мулти Арт заедно со ТВ Плус, а собраните средства ќе бидат донирани на семејството на 21 годишната Александра Митровска,  која храбро се соочува со последиците од болеста церебрална парализа.

По долги години животна борба, Александра конечно има можност за неуророботска рехабилитација, можност која влева оптимизам и надеж за младата девојка.  Потребни се 26 000 евра за тримесечна терапија.

На концертот ќе настапат повеќе музички имиња, а сите собрани средства ќе бидат наменети за Александра.

– Ќе имате можност да уживате во убавата македонска музика , а истовремено ќе ја покажете вашата хуманост. Нашето малку за Александра ќе значи многу, велат организаторите.

Цена на билетот е 200 денари.

 

Loading...

Никола Ивановски