Вечерва завршува фестивалот „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Со претставата „Солдат“ на Театар Куманово вечерва завршува 23то издание на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Loading...

Домаќините вечерва ќе го затворат фестивалот кој годинава остана во сенка на коронавирусот и со полупразна сала како резултат на строгите протоколи за заштита од коронавирусот.

Во претставата „Солдат“ на кумановскиот театар играат Сања Русевска и Марко Трајковиќ, а драматург на претставата е Сашо Костовски.

– Дилемите за успешноста во личниот, семејниот и општествениот живот на еден регрут, потенцијален солдат, се афирмираат, потврдуваат и негираат лице в лице со неговата регрутерка. Неговите смешни обиди да „падне“ на регрутацијата не влијаат многу на едноставноста, но суровата воена администрација. Со ваков однос на силите, на крај, не се знае за кого исходот од оваа битка еден на еден е среќен исход, напиша Костовски за претставата.

Претставата започнува вечерва во 20 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply