Вечерва започнуваат мега концертите за 500 години Куманово

Сподели со своите пријатели

Куманово вечерва започнува да ја прославува својата 500-годишнина. Три вечери на градскиот плоштад граѓаните ќе можат да уживаат во различни жанрови на музуика, а забавата започнува со настапи пред се за најмладата публика.

Loading...

Честа да го отвори вечерашниот концерт ќе го има Ата, по што ќе следува настапот на Кастро, Елита 5, Ки, Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски, Мартија Станојковиќ и Мартинијан Кириловски, а ѕвезди на вечерта ќе бидат момците од групата „2 Бона“.

Поставувањето на бината започна вчеравечер, истата се наоѓа на улицата „Гоце Делчев“ која за сообраќај ќе остане затворена до раните утрински часови во понеделник.

Концертите започнуваат во 20:00 часот и ќе траат доцна во ноќта.

Leave a Reply