Вчера две интервенции на кумановските пожарникари

Сподели со своите пријатели

Две интервенции во изминатите 24 часа бележат пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата е на опожарен електричен шпорет во стан лоциран на улицата „Тодор Велков“. Интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило во период од 13:25 до 14:00 часот. Причина за избувнување на пожарот, како што додаваат од РЦУК, е човечки фактор.

Втората интервенција била на опожарен мебел во напуштено складиште на поранешен „Жито-мел“ на булеварот „Октомвриска револуција“. Во интервеницјата учествувале двајца пожарникари во период од 15:10 до 15:40 часот.

Leave a Reply