Ватикан останува без женското списание

Сподели со своите пријатели

Основачите и женскиот уреднички колегиум на редакцијата на ватиканското списание за жени поднесоа оставки по, како што навеле, ватиканската кампања да ги дискредитира и стави под „директна контрола на мажите“, која се зголемила откако го осудиле сексуалното злоставување на чесни сестри од страна на свештеници.

Loading...

Редакцискиот одбор на месечникот „Женски црковен свет“, кој се објавува заено со „Лосерваторе Романо“, објави одлука за престанок на работа, во воведот на изданието кое е планирано за први април, како и во отворено писмо до папата Франциск, кое е доставено и до АП.

– Опкружени сме со клима на недоверба и прогресивна делегитимизација. Веруваме дека повее нема услови за продолжување на соработката со „Лосерваторе Романо“, навела во воведниот дел основачката на списанието Лучета Скарафиа.

Оваа одлука е удар врз напорите на папата Франциск на жените во Ватикан да им се дадат улоги во одлучувањето, наведува агенцијата.

Скарафиа станала можеби најистакнатата жена во Ватикан, иако никогаш не добивала плата за своето седумгодишно раководење со списанието кое го основала.

Таа за АП рекла дека одлуката за заминување ја донела откако новиот уредник на „Лосерваторе“, Андреа Монда, планирал да ја преземе улогата на уредник на списанието.

Скарафиа навела дека тој се повлекол откако редакцијата се заканила со оставка, а католичкото списание кое го дистрибуира преведеното списание во Франција, Шпанија и Латинска Америка, навеле дека ќе престанат со дистрибуцијата ако таа не биде одговорна за „Женскиот црковен свет“.

Leave a Reply