Вашингтон испраќа 89 милиони долари во Украина

Сподели со своите пријатели

САД најавија дека ќе испратат 89 милиони долари помош за Украина за да може да уништи противпешадиски мини поставени од руски војници во населените области на северот.

Loading...

Донацијата ќе биде наменета за финансирање на стотина тимови кои ќе ги деминираат областите и ќе бидат наменети за невладини организации или специјализирани приватни компании.

Анонимен претставник на Стејт департментот изјави дека „руските сили употребиле експлозивни направи на неодговорен и брутален начин“ и дека тие „предизвикале цивилни жртви“.

„Руските сили сериозно ја оштетија цивилната инфраструктура и контаминираа голем дел од украинската територија со експлозиви и противпешадиски мини“, рече претставникот.

Тој додаде дека кога руските сили се повлекле од северна Украина, „скриле ИЕД и цевни бомби во магацини за храна, машини за перење, врати, болнички кревети и во телата на жртвите“.

Го наведе примерот на едно семејство од Буча кое нашло бомба во клавирот на нивната десетгодишна ќерка.

Украинската влада веќе отстрани 160.000 експлозивни направи од крајот на март, но проценува дека 5 милиони луѓе во моментов живеат во области преполни со експлозиви и нагазни мини.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...