18.09.2019 22:50

Вардар од Куманово го крена пехарот во Суперкупот на Македонија (ФОТО)


Ракометарите на Вардар го освија третиот пехар во Суперкупот на Македонија откако вечерва во Куманово со резултат 26:24 го совладаа составот на Металург.

Вардар од стартот беше фаворит во мечот, а ја имаше и поддршката на кумановската публика. Со добра серија вардарци дојдоа на висока предност од 16:10 на полувреме, разлика која Металург се мачеше да ја достигне.

loading...

Стартот на вториот дел како да влеа надеж на Металург, но европските шампиони не дозволија изненадување. Иако кон крајот на средбата беше стопена разлиакта, сепак „црвено-црните“ славеа со конечни 26:24.

Со по шетс гола најдобри во составот на Вардар беа Сергеј Гоброк и Тимур Дибиров, а кај Вардат со пет погодоци на листата стрелци се впиша Додиќ, додека капитенот Јагуриновски впиша еден гол помалку.

Повеќе фотографии на нашиот Инстаграм профил.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments