Вардар домаќин на Шкендија во првиот дуел од 1/4-финалето на Купот на Македонија

Сподели со своите пријатели

Денеска во Скопје од 14 часот се игра првиот 1/4-финален дуел меѓу Вардар и Шкендија во фудбалскиот Куп на Македонија на националната арена „Филип Втори“.

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Чедомир Јаневски пред мечот изјави дека очекува два интересни и неизвесни натпревари, но се надева дека на крајот Вардар ќе излезе како севкупен победник.

„Треба повторно да се надигруваме како што беше на стартот од пролетниот дел. Знаеме дека овие натпревари и дома и на гости се тешки за играње, затоа што имаме против себе ривал кој што е квалитетен. Ќе настојуваме да го добиеме овој прв меч пред реваншот. Ќе биде сосема поинаков натпревар од оној кој го игравме против Победа во неделата. Повторно ќе кажам, од Вардар се бара во сите натпреварувања кои ги игра да оди на победа, така ќе биде и во Купот на Македонија  каде сакаме да стигнеме што подалеку, и да го освоиме Купот“, изјави Јаневски.

За денешниот меч, отворени ќе бидат само јужната и западната трибина, а влезот е забранет за гостинските симпатизери на трибините. Билетарницата ќе биде отворена од 12 часот, а влезницата чини 100 денари.

Ова последна четвртфинална пресметка откако претходно во полуфиналето се пласираа академија Пандев, Пелистер и Ренова.

Реваншот во Тетово се игра на 7 март.

Leave a Reply