Вандализирани светилките на градскиот кеј, соголени жици опасност за малите деца (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Непознат сторител „брутално“ ги вандализирал светилките поставени на градскиот кеј. Откорнати и легнати на земја останале светилките откако некој им ја скроил судбината, а како што реагираа граѓаните до Кумановски Муабети, истите мора итно да бидат санирани за да не дојде до некоја несреќа затоа што од нив висат кабли.

Загрижен граѓанин ни испрати фотографии и видео од самото место со апел да се поправат истите.

„Страшно е, жиците може да убијат некого, деца секојдневно се играат тука“ – вели загрижениот граѓанин.

Несовесни граѓани во остатокот од светилката веројатно виделе корпа за отпадоци или само сакале дополнително да ја „декорираат“.

Loading...

Градскиот кеј постојано е мета на вандали, се вандализираат и клупи, корпи за отпадоци, бекатонски плочки.

Градоначалникот Зоран Дамјановски постојано апелира до совеста на граѓаните да го чуваат она што е изградено за нивна рекреација, но изгледа дека апелите не вродија со плод.