Валандовец приведен во Куманово со прашкаста и грутчеста материја

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен валандовец вчера бил приведен во Куманово откако полицијата му открила прашкаста и грутчеста материја.

Loading...

– На 22.11.2022 во 21.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода П.К.(26) од Валандово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при преглед во неговото патничко возило биле пронајдени и одземени прашкаста и грутчеста материја.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија ова да го сменат