Вакцината на Универзитетот Оксфорд е најефикасна кога се даваат двете дози

Сподели со своите пријатели

Оксфордската вакцина против коронавирусот го стимулира производството на антитела и силниот одговор на Т-клетките на патогените микроорганизми, а најдобриот имунолошки ефект се постигнува кога ќе се инјектираат две дози на вакцината, соопшти денеска овој британски универзитет.

Loading...

Вакцината „го стимулира производството на антитела и функцијата на Т-клетките“, соопшти  универзитетот, откако беа објавени студии од фазите еден и два од клиничките испитувања, јавуваат британските медиуми.

“Две дози од вакцината покажаа дека одговорот на антителата е многу посилен отколку кога се инјектира единечна доза. Значи, вакцината е најефикасна кога се даваат стандардните две дози на вакцината”, се додава во соопштението на универзитетот.

Сашко Димевски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *