Вагони изгореа во пожар во кумановско

Сподели со своите пријатели

Празни вагони гореле вчера на Железничката станица во Куманово каде избил пожар, а била зафатена и тревата под нив.

Loading...

– На 19.06.2024 околу 17.11 часот во СВР Куманово било пријавено дека на Железничка станица во Куманово настанал пожар на три празни вагони и сува трева под нив, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од екипа на Теритoријална противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 1.100 ученици во Куманово бесплатно пливаат на затворениот Градски базен (ФОТО)