Уживајте во топлото време, ни следуваат врнежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сочево и доста топло со краткотрајно зголемување на облачноста попладне, особено од север. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој ќе е најизразен на север и долж Повардарието.

Loading...

Попладне особено на север ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со појава на пороен дожд.

Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од недела во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, но врнежите нема да бидат пообилни.

Во следниов период максималните температури ќе бидат во благо опаѓање.

Leave a Reply