Ужасна глетка од Кина – жена се бори за живот: Силен порој ја однесе по улицата, луѓето брзо и фрлија јаже! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Страшни поплави направија хаос во областа Џенгжу во централна Кина, од каде што продолжуваат да пристигнуваат драматични снимки.

Loading...

Повеќе од 200.000 луѓе се евакуирани, а најмалку 12 лица загинаа во поплавите во централна Кина.

На снимката која кружи на социјалните мрежи се гледа силен порој каде носи жена и додека едвај се бореше да ја одржи главата над вода, група луѓе и додадоа јаже, кое успеа некако да го фати и се спаси.

 

 

На снимката се гледаат и патници заробени во поплавеното метро и нивото на водата до нивните раменици. Многу од нив се искачија на седиштата за да се издигнат над нивото на водата.

Поплавите погодија десетици градови во провинцијата Хенан. Претседателот Си Џинпинг во средата рече дека „ситуацијата е тешка и критична“. Тој додаде дека поплавите веќе доведоа до загуба на човечки животи и материјална штета и им нареди на сите надлежни служби да го заштитат населението и имотот, според новинската агенција Ксинхуа.

Loading...

 

 

Околу 94 милиони луѓе живеат во провинцијата Хенан, а локалните власти издадоа предупредување за катастрофа. Се наведува дека станува збор за поплави што се случуваат „еднаш во 100 години“. Многу фактори доведоа до поплави, а глобалното затоплување предизвикано од климатските промени е еден од нив.

 

Leave a Reply