Утврдени нови цени за паркирање во Куманово

Сподели со своите пријатели

Советот ги утврди цените за паркинг услугите на јавното претпријатие „Куманово-Паркинг”, информираа денеска надлежните од претпријатието.

Loading...

Новина е што покрај зоната „А” се воведуваат и цени за зоната „Б”, која наскоро ќе почне да функционира, а цените се утврдени и за зоната „Ц”.

Директорот на претпријатието, Фадиљ Шабани информираше дека цената за првата зона е 30 денари, за „Б” зоната 25 и за „Ц” 20 денари, плус ДДВ.

Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Драган Петковски, праша зошто цените се доста повисоки за правните субјекти, гледано по зони, и која е разликата во услугите кои ја добиваат правните во однос на физичките лица. Директорот на претпријатието рече дека ваквиот начин на зонско паркирање се применува насекаде на светот, а целта е да се обезбеди паркинг за граѓаните, особено за зоната „А”.

Советниците од опозицијата и власта дебатираа и за субвенционирањето на паркирањето на лицата со попреченост. Советничката Анета Шандева Доневска праша зошто во ценовникот стои дека се субвенционираат 2000 денари за лица со попреченост и побара поголем број на паркинг места за ова категорија граѓани, укажувајќи дека често нивните места ги злоупотребуваат несовесни граѓани.

Шабани вели дека сите што имаат поднесено документација добиле субвенционирано паркирање, а за недостатокот на места кажа дека овие лица можат да се паркираат на кое било слободно место, бидејќи нивните регистарски таблички се внесени во системот на претпријатието. Координаторот на советничката група на СДСМ, Томица Илиќ, кажа дека мора да има појдовна точка – сума ќе биде потврдена за субвенционирање и рече дека целта е а му се помогне на претпријатието да направи повеќе места слободни за лицата со попреченост.

Шабани нагласи дека е важно што целиот совет без исклучок го поддржува субвенционирањето на паркирањето на лицата со попреченост, дека секогаш на почетокот од годината се носи ваква одлука од која бенефит имаат овие сограѓани.

Leave a Reply