Утринска магла по одделни котлини, преку денот сончево со мала до умерена облачност

Сподели со своите пријатели

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено во западните делови и со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи од 0 до 8, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Куманово и околината времето денеска ќе биде сончево до умерено облачно со максимална дневна температура до 18 степени целзиусови.

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Во среда, особено во јужните делови, а во петок и сабота на повеќе места ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.

Гордана Василева

Leave a Reply