Утре врнежи од дожд и снег и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност во попладневните часови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб, а во западните делови од земјата умерен ветер од јужен и југозападен правец. Повремено засилување на ветерот ќе има во северозападниот дел од Македонија. Максималната температура ќе се движи од 14 до 23 степени.

Куманово денеска може да очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб ветер од источен и југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 16 степени, додека во текот на ноќта истата ќе се спушти до 3-от степен, а се очекуваат и врнежи од дожд.

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север во четврток ќе има врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови, каде локално ќе наврнат околу 20 l/m2 воден талог.

Во четврток и во петок ќе дува умерен, повремено силен ветер од северозападен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина над 70 km/h и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата на воздухот.

Вo петок во утринските часови врнежите постепено ќе престануваат, а потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно, но посвежо време.