Утре во Куманово гласаат 12 заболени од коронавирус и 19 лица во самоизолација

Сподели со своите пријатели

Дванаесет лица кои се позитивни на коронавирусот утре во Куманово ќе го остварат своето право на глас во домашни услови, под посебни протоколи. Освен нив, ќе гласаат уште 19 лица кои се во самоизолација.

Loading...

Гласањето ќе го спроведуваат два избирачки одбори составени од здравствени работници.

На 14 јули пак, гласаат 189 болни и немоќни лица кои доставиле уредна и комплетна документација. Тој ден ќе гласаат и корисниците на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ како и затвореници од затворот Куманово во Кшање.

Претседателот на ОИК – Липково, Лирим Јашари информираше дека во општината, право на глас имаат 25.632 гласачи кои ќе гласаат на 36 избирачки места. На 13 јули ќе гласаат шест лица заболени од Ковид 19 и во самоизолација. Во вторникот, на 14 јули ќе гласаат 330 болни и немоќни лица.

Од ОИК – Старо Нагоричане право на глас имаат 3.322 лица кои гласаат на 36 избирачки места, а процесот ќе го спроведуваат 38 избирачки одбори.

Претседателот на ОИК – Старо Нагоричане, Драган Јовановски информираше дека во општината на 13 јули ќе гласаат три лица заболени и во самоизолација, додека наредниот ден ќе гласаат 11 болни и немоќни лица.

Leave a Reply