Утре се пушта нов далновод – локалното население да внимава на знаците

Сподели со своите пријатели

МЕПСО во текот на утрешниот ден ќе го пушти во употреба новиот 400 kV далекувод од Штип до македонско – српската граница, а во моментов течат финалните активности за поврзување на последниот далекуводен столб на македонска страна со првиот столб на далекуводот на српската страна на меѓудржавната граница, со што ќе заврши процесот на поврзување на електропреносните системи на Република Македонија и на Република Србија.

Loading...

Со финализацијата на оваа фаза од работите МЕПСО го затвора најголемиот тековен инвестициски проект вреден над 11 милиони евра.

Далекуводот е изграден за 12 месеци, а неговата изградба започна во декември лани.

– Особено сум горд на фактот што можам да истакнам дека во период од 8 години од 2007 година до сега МЕПСО изгради и стави под напон три 400 kV интерконективни далекуводи по еден со три соседни земји: Грција во 2007 година, со Бугарија во 2008 година и со Србија сега, истакна Синиша Спасов, генералниот директор на МЕПСО при работната посета на поврзувањето на граничните столбови.

Со оглед на тоа дека се работи за енергетски високонапонски далновод и објект којшто е од јавен интерес потребно е месното население и земјоделците строго да се придржуваат до сигнализацијата за предупредување од опасност поставена на столбовите на далноводот, со цел зачувување на безбедноста на какви било земјоделски работи или градежни активности во близина на далноводот согласно одредбите на Законот за енергетика и технички прописи.

Воедно известуваме дека какво било оштетување или кражба на елементи од кои се составени столбовите на далноводот се дела казниви со закон, изјави Стојанов.