Утре промоција на документарен филм „90 години женски ракомет во Куманово“


Во Занаетчискиот дом утре со почеток во 19:30 часот ќе биде промовиран филмот „90 години женски ракомет во Куманово“ во чест на големиот јубилеј на ЖРК Куманово.

Филмот ќе го опише почетокот на клубот уште во далечната 1929 година како хазарски клуб, кој всушност се смета за претходник на ракометот.

Loading...

Автор на филмот е спортскиот новинар Марјан Стошевски.

– Во филмот гледачите ќе имаат прилика да видат ексклузивни фотографии на првата генерација на ракометарки како и за главниот иницијатор за формирање на клубот Петар Николиќ. Во документарецот ќе бидат објавени новински записи од весниците од Кралството Југославија. Понатаму во филмот ќе бидат опишани сите позначајни резултати на клубот во изминатиот период со сведочења на повеќе претставници на генерациите, вели Стошевски.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *