Утре на Земјата ќе падне ѓубре од вселената, деловите се тешки и неколку килограми

Сподели со своите пријатели

Блок со батерии тежок 2,6 тони неконтролирано се спушта кон Земјата.

Loading...

Блокот беше фрлен од Меѓународната вселенска станица пред околу три години и оттогаш лебди во вселената.

НАСА потоа објави дека блокот ќе биде во вселената уште три или четири години, а потоа ќе се упати кон Земјата.

Билд пишува дека нивното Министерство за економија и заштита на климата објавило дека блокот најмногу треба да изгори во атмосферата и дека неговите фрагменти ќе пристигнат на Земјата во петок.

Рекоа и дека димензиите на блокот се 4х2х1,5 метри.

Постои опасност стотици фрагменти да паднат на територијата на Германија на коридорот меѓу областа Рур и Котбус.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: Црвените јајца се вапцаат пред изгрејсонце

Проблемот е што некои делови што ќе паднат на земја ќе тежат неколку килограми.

Затоа надлежното министерство ги предупреди граѓаните да бидат внимателни.

Loading...