Утре „Мото рок фест“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Мото клубот „Мечки“ од Куманово утре го организира годинешното издание на „Мото рок фест“ кое ќе се одржи на Спортскиот аеродром „Аџитепе“ каде се предвидени целодневни настани.

Loading...

Во раните утрински часови ќе започне натпревар во печење прасиња на кој се пријавени околу дваесетина учесници.

Попладне околу 14 часот ќе започне и пена парти на која ќе бидат изложени и моторите, а ќе има и низа други културни случувања, меѓу кои и цртање графити.

Два часа подоцна се очекува да започне и музичкиот дел од фестивалот. Први ќе настапат кумановските рокери „Radistage“, па ќе следуваат „DayOff“ од Скопје и Ареа.

Вистинскиот сепктакл се очекува околу 22 часот кога на бината ќе се појави најпознатиот балкански рок состав „Ван Гог“.

 

 

Loading...

Два часа подоцна, точно на полноќ започнува настапот на „Hollywood Rose“, трибјут бендот на „Guns N Roses“ од Будимпешта.

Сите кои ќе присуствуваат на настанот со своите мотори или автомобили ќе имаат обезбеден паринг, но поради тесниот пат кон спортскиот аеродром се препорачува особено внимателно возење, а кога ќе пристигнат на локацијата да ги следат упатствата на обезбедувањето и полициските службеници.

Настанот е во целосна организација на Мото клубот „Мечки“, а со финансиска поддршка на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и приватни компании од градот.

Се очекува присуство и на моторџии и рокери од останатите градови во Македонија, а најави за гостувања има и од Србија, Бугарија, Словенија и Хрватска.

 

Никола Ивановски