Мото клуб Мечки најавува спектакуларен рок фестивал на Аџитепе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Членовите на Мото клуб „Мечки“ од Куманово најавуваат вистински спектакл на овогодинешното издание на Мото рок фестивалот што ќе се одржи на 11ти јуни на спортскиот аеродром Аџитепе.

Loading...

Многу музика, печени прасиња, пена парти, но и културни и уметнички перформанси ќе опфати настанот кој се очекува да собере моторџии и рокери од цела Македонија, но и од земјите на поранешна Југославија.

– Очекуваме многу луѓе, веќе се најавени од Бугарија, Словенија, Хрватска, Србија да не ја споменувам што тука сме близу и очекуваме огромен број и секој мотоклуб од секој град од Македонија. Голема благодарност до градоначалникот на Општина Куманово кој е и главен покровител на фестивалот, имаме многу голем број пријатели и спонзори кои нѐ поддржуваат и финансиски и во самата организација, изјави Игор Тимчевски, кој е дел од организацијата на настанот.

 

 

Настанот почнува во 7 часот утрото на 11ти месецов кога ќе се одржи натпревар во печење на 20 прасиња. Потоа ќќе следува пена парти и ќе започнат подготовките за големиот рок концерт.

– Настапуваат големи бендови, најпрвин во 16 часот започнуваме со нашите кумановци Radiostage, DayOff од Скопје, нашите рокери Аера, а околу 22 часот главната „ѕверка“ на настанот Ван Гог за да во 24 часот гостите од Будимпешта, трибјут бендот на GunsNRoses  кои очекуваме да направат голем спектакл, додава Тимчевски.

Loading...

 

 

Организаторите најавуваат и цртање графити, фотосесија и многу други интересни случувања.

За сите кои ќе пристигнат со своите мотори или автомобили ќе има обезбеден паркинг, но се апелира поради тесниот пат до аеродромот Аџитепе да се обрне голема внимателност и да се слушаат инструкциите на обезбедувањето и полицијата.

За следното издание, освен поддршка од приватни компании и општината и градоначалникот, Мото клубот се надева на финансиска поддршка и од Министерството за култура.

Никола Ивнаовски / Стефан Младеновски