Утре дожд, па опаѓање на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде стабилно и претежно тивко со ниска облачност и магла по котлините, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу пет степени целзиусови, а максималната дневна се очекува да се искачи до 15.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

 

 

Утре ќе биде променливо облачно со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

Дневната температура ќе опадне за неколку степени, додаваат од УХМР.

 

Loading...

Никола Ивановски