Утре дестабилизација, понеделник носи заладување

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен југозападен ветер, во западните и во југозападните делови повремено ќе се засилува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 15 до 22 степени, додека максималната дневна температура ќе биде во интервал од 36 до 42 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дува умерено засилен ветер од јужен, односно југозападен правец, додека максималната дневна температура ќе достигне 38 степени целиусови.

Утре од север ќе се спушта посвежа воздушна маса што ќе предизвика на повеќе места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи, особено попладне. Локално е можна и појава на невреме. Утре ќе дува умерен, а во понеделник и вторник засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

В понеделник ќе преовладува променливо и свежо време со локален дожд.

Од вторник ќе има стабилизрање на времето, температурата ќе биде во благо покачување.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.