Утре без струја делови на Куманово

Сподели со своите пријатели

Делови на Куманово утре приврмено ќе останат без електрична енергија поради најавени прекини од страна на ЕВН Македонија.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи без електрична енергија во период од 08:45 до 09:30 часот ќе бидат корисниците од селата Младо Нагоричане и дел од селото Тромеѓа.

Во период од 08:30 до 14:30 часот прекини се најавени за корисниците од улицата „Бранко Радичевиќ“, дел од м. в. Гладно Поле, улиците „Ратко Митровиќ“ и  „Ѓорче Петров“, од пруга до бензинската „Пин Петрол“.

Станува збор з анајавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски