Утрата свежи – дневната температура ќе се искачи до 20 -тиот степен

Сподели со своите пријатели

Сосема мала облачност е забележана утринава низ земјава, јавува порталот Метеопро. Температурата во 7 часот беше 0°С, но и покрај тоа, денес се очекува претежно сончев и релативно топол ден.

Loading...

Максималната температура низ котлините во источниот регион, како и долж северниот дел на повардарието ќе биде во границите од 18°С до 20°С.

Малку посвежо, околу 17°С, се очекува да биде во котлините во западниот регион од земјава.

Само во гевгелиско – дојранскиот предел се очекува температура која малку ќе надмине над 20°С.  Слично време ќе се задржи и во наредните денови, барем до крајот на оваа работна недела.

Извор: Метеопро.мк