Уставниот суд ги запира сите изборни активности

Сподели со своите пријатели

До следната среда запираат сите предизворни и изборни активности во државата, вака денеска пресече Устаниов суд на Република Македонија.

Судиите ја прифатија Иницијативата на ДУИ  и изрази сомнеж за уставноста на актот со кој се изгласало распуштање на Собранието со одложено дејство и следната недела ќе донесе конечна одлука дали одлуката за распуштање е уставна или не. До тогаш важи времената мерка за запирање на сите изборни дејства.

Претседателката на Судот Елена Гошева посочи дека ќе гласа за Иницијативата иако ова е преседан во одучувањето на Судот. Сепак според неа во овој случај преовладува јавниот интерес со што прифатливо е да се распава за веќе распуштено Собрание. Освен неа и сите останати судии гласаа за прифаќање на Иницијативата по што конечната одлука на Судот ќе се знае идната среда, пишува порталот Нова ТВ.

Утрово влезот на Судот беше обоен во боите на Шарената револуција, што претседателката на судот го оквалификува како притисок врз неговата работа.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.