Успешно се одвива теренската вакцинација во кумановските училишта

Сподели со своите пријатели

Во најдобар ред функционира вакцинацијата против морбили во кумановските училишта. Медицински тимови денеска ги вакцинираа учениците од прво до дветто одделение при основното училиште Браќа Миладиновци.

Loading...

Успешно се спроведува теренската вакцинација во училиштата во Куманово, откако пред неколку денови Министерството за здравство донесе одлука, поради состојбата со морбили медицински тимови задолжително да вршат теренска вакцинација во основните и средните установи.

Вакцина против морбили денеска примаа 100-ина деца од прво до деветто одделение од основното училиште  „Браќа Миладиновци“. Педијатарот Валентина Богоевска Димитриевска при Здравствен дом Куманово, истакна дека по извршените проверки, биле повикани на вакцинација децата кои треба да се ревакцинираат.

-Досега како што оди планот и календарот за имунизација ние редовно ги имаме посетено и прво и второ одделение и тие што подлегнуваат под вакциналниот статус во термин, но тогаш не се вакцинирани оние што биле болни, отсутни од настава, инаку сето друго се одвива како што треба. Опфаќаме 10.000 деца од прво до девето одделение, од кои од сите тие, кои во моментот ги имаме евидентирано во нашата евиденција, во секој момент можете да погледнете дали детето има примено вакцина или не, не се вакцинирани само 570 деца. Затоа сега сме тука, децата доаѓаат и во амбуланта а ние по налог на Министерството за здравство ја спроведуваме офанзивата и доаѓаме во училиштата за да ги комплетираме-посочи таа.

Од медицинскиот тим нагласија дека имаат одлична соработка со директорите и целокупниот персонал при кумановските училишта, па вакцинацијата функционира во најдобар ред.

Leave a Reply