Успешен викенд за кумановските прволигаши во ракомет и кошарка

Сподели со своите пријатели

Кумановските прволигаши во ракомет и кошарка зад себе оставаат успешен викенд, откако ЖРК Куманово забележа победа на почетокот на новата сезона, МРК Куманово одигра нерешено, а КК Куманово победи во пријателски натпревар.

Loading...

ЖРК Куманово со победа ја стартуваше новата сезона

Ракометарките на Куманово со победа на гостински терен против ЖРК Шампион со 22:29 ја стартуваа новата ракометна сезона.

Најефикасна во тимот на Куманово беше Наташа Нолевска со девет гола, а Ивановска и Кипријановска впишаа по пет погодоци.

МРК Куманово нерешено на стартот на новата сезона

Ракометарите на Куманово вчера ја стартуваа новата сезона во рамките на Првата машка ракометна лига, при што со нерешен резултат ја завршија средбата со РК Аеродром.

Влатко Тасевски беше најефикасен во составот на Куманово со вкупно 8 реализирани погодоци, додека по четири забележаа Андреј Миладиновски и Мартин Димовски.

КК Куманово го доби Работнички во пријателскиот натпревар

Loading...

Кошаркарите на Куманово го освоија Работнички со 82-81 во рамките на пријателскиот натпревар кој вчера се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Најефикасни во редовите на Куманово со 22 поени беше Келеб Џозеф, додека со 19 мечот го заврши Ѓорѓе Каплановиќ. Кај Работнички 28 поени постигна Полп, а 20 Марковски.

Никола Ивановски