МРК Куманово нерешено на стартот на новата сезона

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово вчера ја стартуваа новата сезона во рамките на Првата машка ракометна лига, при што со нерешен резултат ја завршија средбата со РК Аеродром.

Loading...

Кумановци имаа добар старт, но се играше гол за гол со противникот, а очигледна беше желбата и двата тима да се покажат во најдобро светло уште на самиот старт на сезоната. Тоа го покажува и резултатот од првото полувреме кое исто така заврши нерешено со резултат 13:13.

Двете екипи гол за гол играа и во вториот дел од средбата, и впишаа по 11 погодоци, за краен резултат 24:24.

Влатко Тасевски беше најефикасен во составот на Куманово со вкупно 8 реализирани погодоци, додека по четири забележаа Андреј Миладиновски и Мартин Димовски.

Во составот на РК Аеродром со 10 голови најефикасен беше Димитар Михајлов.

Никола Ивановски