Услови за снег и замрзнат дожд

Сподели со своите пријатели

Времето во текот на ноќта беше умерено облачно со врнежи од дожд во западните делови.

Loading...

Во текот на денот ќе имаме претежно облачно со врнежи од дожд, услови за локална појава на замрзнат дожд, а на планините врнежи од снег, информирааат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите во текот на денот и ноќта кон среда ќе преминуваат во снег и на повисоките места каде што ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно и значително постудено време со услови за дожд со можен премин кон слаб снег. Максималната дневна температура ќе достигне само 3 степени, а утринската ќе се спушти на 4 под нулата.

Leave a Reply