Услови за дожд и грмежи најавени и за денес

Сподели со своите пријатели

Времето денеска е биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на денот локално процесите може да бидат и поинтензивни, но кон крајот на денот ќе настапи стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од 13 до 20 степени, додека максиманите дневни од 25 до 33 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сонччево до умерено облачно време со услови за дожд и грмотевици во попладневните часови, зашто Националниот хидрометеоролошки завод има издадено и жолто предупредување поради грмотевици, според информациите на порталот accuweather.com.

Ќе дува слаб ветерод северен, односно северозападен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 30 степени, додека во текот на ноќта истата ќе се спушти само до 15 степен за кога исто така се очекуваат врнежи и грмежи.

Во среда, како и во четврток претпладне ќе биде претежно сончево и потопло. Во четврток попладне под влијание на посвежа воздушна маса од север ќе има локален дожд и грмежи, а од петок засилен северен ветер и пад на температурите.

 

Loading...