Уште три брода жито испловија од Украина

Сподели со своите пријатели

Уште три брода утринава ги напуштија украинските пристаништа според договорот во Истанбул за извоз на жито од воена Украина, јавува Anadolu Agency (AA).

Loading...

Министерството за одбрана на Република Турција соопшти дека продолжува испораката на жито од украинските пристаништа.

На 22 јули Турција, Обединетите нации, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црното Море кои беа блокирани од војната меѓу Русија и Украина.

Во Истанбул е формиран Заеднички координативен центар со официјални лица од трите земји и ОН кои ги надгледуваат пратките.

Откако првиот брод според договорот ја напушти Украина на 1 август, повеќе од 55 бродови со повеќе од еден милион тони земјоделски производи ги напуштија украинските пристаништа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.