Уште се трага по подморницата која тргна кон Титаник: Времето истекува!

Сподели со своите пријатели

Американските медиуми објавија дека канадскиот спасувачки тим, кој трага по исчезнатата туристичка подморница „Титан“ во Атлантскиот Океан, слушнала „удирање“ во областа каде исчезна пловилото.

Loading...

„Сондите открија удари во таа област на секои 30 минути, четири часа подоцна беше испратена дополнителна сонда, а ударот сè уште се слушаше“, објави Си-Ен-Ен.

Крајбрежната стража на Бостон, која ја води спасувачката операција, одби да ги коментира извештаите за звуците на „удирање“.

Во внатрешните записи на американското Министерство за домашна безбедност, се наведува дека подводни звуци се слушале со часови, додава Би-би-си.

Проширената потрага вклучува четири дополнителни пловила и пет возила на далечинско управување (ROV), кои имаат можност да одат под вода.

Официјални лица на крајбрежната стража во вторникот вечерта процениле дека на исчезнатата подморница на пат да ги види остатоците од Титаник ѝ останале „околу 40 часа воздух за дишење“.

Подморницата била пријавена за исчезната во неделата, откако изгубила контакт еден час и 45 минути по нуркањето и не излегла повторно на површина кога се очекувало.

Американската морнарица испрати експерти да помогнат

Loading...

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби укажа на тековните заеднички напори за пребарување и спасување од страна на крајбрежната стража, канадските власти и други агенции.

Американската морнарица испрати експерти да помогнат во потрагата.

Британскиот крал Чарлс Трети побара да биде информиран за подморницата, бидејќи еден од патниците во бродот е Шахзада Давуд, долгогодишен поддржувач на фондацијата на принцот.

Извор од Бакингемската палата рече дека мислите и молитвите на кралот се со семејството Давуд, како и со оние кои се вклучени во обидот да се најде подморницата.

Меѓу патниците на подморницата е и британскиот милијардер, бизнисмен и истражувач Хамиш Хардинг.

Потонатиот брод Титаник лежи на дното на океанот речиси четири километри под површината на околу 700 километри јужно од Сент Џонс, Њуфаундленд.

„Титаник“, кој беше најголемиот и најлуксузниот брод на своето време, удри во санта мраз во 1912 година, на патот од Саутемптон, Англија кон Њујорк и потона. Околу 700 од околу 2.200 патници и членови на екипажот преживеаја.

Потонатиот брод е откриен во 1985 година и оттогаш е предмет на истражување и разгледување.

Loading...