Уште пет бродови со жито испловија од Украина

Сподели со своите пријатели

Уште пет брода натоварени со жито испловија утринава од украинските пристаништа, соопшти Министерството за одбрана на Турција, а пренесува Anadolu Agency.

Loading...

На 22 јули Турција, Обединетите нации, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црното Море кои беа блокирани од војната меѓу Русија и Украина.

Во Истанбул е формиран Заеднички координативен центар со претставници од трите земји и Обединетите нации кои ги надгледуваат испораките.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.