Уште еден републикански сенатор позитивен на коронавирус

Сподели со своите пријатели

Републиканскиот сенатор Рон Џонсон е позитивен на коронавирус и тој е третиот републикански член во американскиот Сенат кој е заразен со овој вирус, објави на својот профил на Твитер Џејк Шерман, американски автор за „Политико“.

Loading...

Тестот е позитивен и кај републиканските сенатори Том Тилс од Северна Каролина, и Мајк Ли од Јута, двајцата членови на клучниот Комитет за правда, откако минатата недела присуствувале на неколку настани во Белата куќа поврзани со номинацијата на Ејми Кони Барет за нова судијка на Врховниот суд. Потврдувањето на судијката сега виси на конец.

Вчера, претседателот на САД, Доналд Трамп, на својот Твитер профил објави дека тој и Првата дама на САД, Меланија Трамп, се позитивни на вирусот.

Инаку, Трамп беше пренесен во воената болница Валтер Рид во Мериленд, бидејќи, откако беше потврдено дека е позитивен на вирусот, тој започна да ги покажува првите симптоми, како што се покачена телесна температура и кашлица.

Сања Костовска

Leave a Reply