Уште еден кумановец се кандидираше за претседател на СДСМ

Сподели со своите пријатели

Денеска до Централната изборна комисија, кандидатура за претседател на партијата за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември поднесе Властимир Алексовски.

Loading...

Властимир Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово.

По анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата.

Секако, ова се однесува на сите поднесени кандидатури, велат од партијата.

Освен Алексовски, од Куманово е и Димитар Ковачевски кој е еден од фаворитите за наследник на Заев, а своја кандидатура поднесе и Фросина Ременски, поранешна министерка.