Уште еден кумановец наседна на измамата за огревни дрва

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец е последна жртва во низата измами поврзани со продажба на огревни дрва низ Куманово која е активна последните години.

Loading...

– На 05.10.2022 во 20.00 часот во СВР Куманово, 38-годишен маж од кумановско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 денари. Според пријавеното, откако лицето му понудило огревно дрво и тој му ги дал парите, лицето заминало за наводно да ги донесе дрвата, но не се вратило, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 3.000 лица со право на глас во Старо Нагоричане