Уште еден дел од авионот на Пригожин пронајден недалеку од местото на несреќата

Сподели со своите пријатели

На 3,5 километри од местото на несреќата е пронајден дел од опашката на авионот што се урна во регионот Твер, а во кој се наоѓаше Евгениј Пригожин, водачот на приватната воена формација Вагнер, јави известувачот на РИА Новости.

Loading...

Како што се наведува, делот бил пронајден во нива во близина на влезот во селото Куженкино.

Друг дел од леталото претходно беше пронајден на околу два километри од местото на несреќата.

Агенцијата наведува дека патот до селото Куженкино е блокиран и дека низ него минуваат само возилата на Министерството за вонредни состојби и истражните комисии.

Министерството за вонредни ситуации на Русија во средата вечерта соопшти дека приватен авион „Embraer Legacy“, кој летал од Москва за Санкт Петербург, се урнал во близина на селото Куженкино во областа Твер.

Во авионот имало десет лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот, а според првичните информации сите загинале.

Лидерот на руската приватна компанија Вагнер, Евгениј Пригожин и нејзиниот командант Дмитриј Уткин биле меѓу десетте лица во авионот, потврди руската Федерална агенција за воздушен транспорт.

Таа служба ги објави и имињата на седум патници, меѓу кои Пригожин и Уткин, како и имињата на тројцата пилоти.

Loading...

Претходно, групата Вагнер на својот канал Телеграм ја потврди и веста за смртта на својот лидер Пригожин, за чија смрт ги обвини, како што се наведува, „предавниците на Русија“.

Портпаролот на итната помош за РИА Новости изјави дека на местото на несреќата се пронајдени телата на осум лица.

Операцијата за пребарување продолжува.

Во врска со авионската несреќа е покрената кривична постапка, јавува Танјуг.